фудбалска репрезентација вечерва ја очекува нов голем предизвик во квалификациите за ЕП што догодина ќе се одржи во Германија, Македонските фудбалери гостуваат на Олд Трафорд во Манчестер кај европскиот вице-шампион Англија
Оваа генерација во македонски фудбалери ќе се обиде да го направи она што пред 17 и 21 година го направија генерациите пред нив, да се вратат непоразени од гостувањето во Англија.
Фудбалот тогаш и сега е поразличен, а оваа селекција покажала дека знае да игра со големите фаворити слета селекторот Благоја Милевски.
По прокоцканата победа и болниот пораз против Украина, избраниците на селекторот Милевски, вечерва на Олд Трафорд ќе се обидат да го поправат впечатокот и да го изненадат големиот фаворит, а Македонија секогаш знаела како против фаворитите дополнува капитенот Стефан Ристовски.
Англичаните влегуваат како први во групата со сигурни три победи на стартот и сосема оправдано ја имаат улогата на апсолутен фаворит, а најтешка задача се очекува да има голманот Столе Димитриевски.
Македонските фудбалери имаат убава можност да ги докажат квалитетите на легендарниот стадион кој го нарекуваат и „Театарот на Соништата“, кој вечерва ќе бидејќи исполнет до последно место, односно речиси 74-илјади гледачи ќе го следат дуелот на Англија и Македонија што ќе започне од 20.45 часот.