16/10/2025
ПочетнаЕкономија„Македонско Најдобро“: Нова кампања за промоција на домашните земјоделски производи

„Македонско Најдобро“: Нова кампања за промоција на домашните земјоделски производи

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Трипуновски, ја најави новата кампања „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“. Целта е да се промовира домашното земјоделско производство и да се подигне свеста за неговиот квалитет и значење.

Кампањата ќе се реализира преку традиционални и дигитални медиуми. Клучен дел е дигиталната платформа makedonskonajdobro.mk, која ќе овозможи регистрација на земјоделци, преработувачи и продажни центри. Платформата вклучува и интерактивна мапа „Каде да купам“, која ќе им помогне на граѓаните лесно да ги пронајдат најблиските продажни места со домашни производи.

Министерот Трипуновски најави и скорешно пуштање на мобилна апликација за уште полесен пристап до информации. „Секоја одлука за купување македонски производ е директна инвестиција во нашата економија“, истакна Трипуновски, повикувајќи ги сите да се приклучат кон оваа иницијатива за подобра економска стабилност.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ