24/11/2024
ПочетнаРегионМишчевиќ: 2030 година не е ветување за проширување на ЕУ, туку поставена...

Мишчевиќ: 2030 година не е ветување за проширување на ЕУ, туку поставена цел

Министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, денеска во Брдо кај Крањ изјави дека 2030 година не е ветување за проширување на Европската унија, туку потенцијал и формулирање краен датум.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претходно на отворањето на Бледскиот стратешки форум изјави дека Европската унија треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 година.

-Го сфативме како цел, како потенцијал, како капацитет, а не како ветување. Посакувам да разберете колку е тешко постојано да се преговара без краен датум, рече таа на панелот „Процесот на европска интеграција и Стратегијата на ЕУ за регионот на Дунав“.

Панелот се одржа како дел од 12. Форум на Стратегијата на ЕУ за регионот на Дунав (EUSDR) во Брдо кај Крањ.

Мишчевиќ додаде дека Стратегијата е „исклучително добар пример“ за тоа како членките на ЕУ и земјите-кандидати можат подеднакво да соработуваат и да создаваат промени и дека е „силен аргумент“ за тоа како Западен Балкан може да придонесе за ЕУ.

Таа додаде дека се формира група експерти од Западен Балкан, кои долго време се во процес на европска интеграција, со цел да и се помогне на „новата тројка“ – Украина, Молдавија и Грузија.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ