24/11/2024
ПочетнаМакедонијаСо положување цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје одбележани...

Со положување цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје одбележани 60 години од трагичниот настан

Претседателот на Македонија, владината делегација, делегации од Собранието на Македонија и Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во земјава денеска, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положија цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел.

Делегација на Владата беше предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу.

Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа.

-На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик. Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани, соопштија од владината прес-служба.

По повод 26 јули, денот на сеќавањето на катастрофалниот земјотрес, Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија денеска организираат мултимедијална програма симболично насловена „Скопје во пет и седумнаесет“, со која преку низа културни настани ќе се одбележат спомените на последиците од катастрофалниот земјотрес.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ