24/11/2024
ПочетнаUncategorizedТренчевска во Белград на средба со Селаковиќ за размена на искуства во...

Тренчевска во Белград на средба со Селаковиќ за размена на искуства во социјалната заштита и Отворен Балкан

Министерката за труд и социјална политика на Северна Македонија Јованка Тренчевска на денеска оствари билатерална средба со српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Никола Селаковиќ.
На билатералната средба, двајцата министри ги потврдија заложбите на Република Северна Македонија и Република Србија за унапредување на системите за социјална заштита како клучни кои обезбедуваат заштита и поддршка на граѓаните во двете земји.
Транчевска и Селаковиќ за време на средбата иницирале и потпишување на Меморандум за соработка во областа на вработување и социјална заштита помеѓу двете министерства што значително ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните во двете држави.
На билатералната средба станало збор и за важноста од развивање на дигитален систем во Северна Македонија кој ќе ги доближи услугите и правата од социјална заштита до граѓаните.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ