„Знам да пукам. Можете ли да го замислите насловот „Русите го фатија украинскиот претседател“? Тоа би било срамно“, рекол Зеленски во разговорот.
Во првите денови по инвазијата на 24 февруари минатата година, руските разузнавачи се обидоа да упаднат во Киев, но не успеаја да стигнат до улицата Банкина, каде што се наоѓа претседателската канцеларија. Другите руски трупи почнаа да ги напаѓаат предградијата на Киев, но не напредуваа далеку. Во градот имаше и обиди за саботажа.
„Да упаднеа, сега немаше да разговараме. Никој немаше да биде фатен затоа што ќе се боревме до крај. До последен“, рече Зеленски. На прашањето дали има пиштол и дали вежбал со него, тој одговори потврдно.
Во своето традиционално обраќање до јавноста вчеравечер, тој ги обвини руските војници дека се виновни за воени злосторства исто како и нивното раководство. „Не само командантите, туку сите вие, сите сте терористи и убијци и сите мора да бидете казнети. Секој што пилотира и испалил проектили, кој одржува авиони и бродови што се користат за тероризирање, сите вие сте соучесници во злосторството“. рече Зеленски.