При сообраќајна контрола на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на главниот град биле санкционирани 214 возачи, од кои 124 за возење со брзина поголема од дозволената.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 124 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.