26/11/2024
ПочетнаUncategorizedКина планира да ја зголеми употребата на чисти извори на енергија

Кина планира да ја зголеми употребата на чисти извори на енергија

Кина планира да ја зголеми употребата на чисти извори на енергија за еден процент годишно во следните пет години.

Канг Сиенхуа, шеф на Националната енергетска администрација, на прес-конференција во главниот град Пекинг зборуваше за важноста од користење чиста енергија низ целата земја.

Тој посочи дека инсталираниот капацитет на чистите извори на енергија во земјава е 1,27 теравати, додавајќи дека нивниот сооднос во вкупната инсталирана моќност е 49,5 отсто, а учеството во потрошувачката е 17,5 отсто.

Тој нагласи дека потрошувачката на нефосилна чиста енергија ќе се зголемува секоја година за еден процент во наредните пет години.

Како што рече, Кина особено ќе се фокусира на користењето на овие ресурси во наредните години.

До декември 2022 година, повеќе од половина од инсталираните енергетски капацитети беа електрани на природен гас и јаглен.

Инвестициите на Кина во енергија на ветер и сонце пораснаа за 100 гигавати годишно во последните три години.

Најпопуларните обновливи извори на енергија во моментов се сончевата енергија, енергијата на ветерот, хидроенергијата, енергијата на плима и осека, геотермалната енергија и енергијата од биомаса.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ