Изложба на слики од кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков – Шефе, вечерва ќе биде отворена во галеријата Емси во Њујорк.
– Пред љубителите на уметноста се претставувам со моите графички уметности и слики. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во периодот од 18 до 20 часот, вели Темков.
Темков со своите дела се има претставено во повеќе галерии низ светот. Тој појаснува дека во Њујорк се изложени најнови дела, кои се за првпат дел од некоја изложба.