24/11/2024
ПочетнаКултураКонцерти на Ансамблот „Елиас Ладино“ и на грчкиот гудачки квартет „Емилиос Риадис“...

Концерти на Ансамблот „Елиас Ладино“ и на грчкиот гудачки квартет „Емилиос Риадис“ на „Охридско лето“

Десеттиот ден на програмата на годинешното „Охридско лето“ ќе понуди две интересни музички содржини, со концертите на ансамблот „Елиас Ладино“ и Грчката вечер во чии рамки е концертот на квартетот „Емилиос Риадис“

Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, Марко Брем – контрабас, Скот Вилсон –  уд и канoн и Кејси Бонд – думбек (тарабука), чии членови ја враќаат дома музиката на македонските Евреи. Од 1976 години ансамблот изведува сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет.

Кларинетистот Даниел Елиас, основачот на групата ја слушнал музиката својствена за битолските Евреи преку песните кои неговата баба му ги пеела на неговиот татко.

Морис Седака, исто така потекнува од семејство на сефардски музичари. Неговите мајка и дедо, исто така пееле песни кои ансамблот денес ги изведува.

Заедно со перкусионистот Кејс Бонд и басистот Марко Брем, ансамблот ќе свири музика што повеќе од 80 години не е слушната на овие простори.

Вториот концерт е резервиран за Грчката вечер со настапот на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ од 21 часот, во црквата „Света Софија“.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ од Константинос Григориу, „Грчки танци“ од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет оп.. 80 од Ф. Менделсон.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ составен од уметниците Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола и Лила Манола на виолончело, опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Солунскиот симфониски оркестар.

Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од Солун. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваа со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ