Home Спорт Струга ТЛ против Гостивар ја почнува одбраната на титулата во ПМФЛ

Струга ТЛ против Гостивар ја почнува одбраната на титулата во ПМФЛ

0
Струга ТЛ против Гостивар ја почнува одбраната на титулата во ПМФЛ

Екипата на Струга Трим Љум ќе го пречека Гостивар во првото коло од сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска лига. Стружаните ќе го бранат шампионскиот трофејот.

Повратникот во македонската фудбалска елита, Вардар ќе гостува во Струмица кај АП Брера.

Двојки за 1.коло во ПМФЛ сезона 2023/24:

АП Брера – Вардар
Воска Спорт – Шкендија
Струга ТЛ – Гостивар
Тиквеш – Македонија ЃП
Брегалница – Силекс
Работнички – Шкупи.

Почетокот на новата сезона е закажан за 6 август.