24/11/2024
ПочетнаМакедонијаПензионерите излегоа на протест, бараат покачување на пензиите

Пензионерите излегоа на протест, бараат покачување на пензиите

Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа на денешниот протест пензионерите.

На протестот, кој се одржа во Жена парк, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски туку за егзистенцијален протест.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ