24/11/2024
ПочетнаЕкономијаССК потпиша Меморандум за соработка со Meѓународниот центар за трговија

ССК потпиша Меморандум за соработка со Meѓународниот центар за трговија

Решавање на техничките бариери во трговијата, усогласеност со синџирот на снабдување, следливоста и транспарентност на синџирите на снабдување со фокус на „деризикување на синџирот на снабдување“, се клучните цели на Меморандумот за соработка што го потпишаа Сојузот на стопански комори (ССК) и Meѓународниот центар за трговија (ITC).

Како што информира ССК, ITC активно развива систем фокусиран на вештачка интелигенција наречен „Напредна анализа на податоци и моделирање за податоци за надворешна трговија“ (ADAMftd) кој ќе користи милијарди историски и трговски податоци во реално време за да ја предвиди иднината на трговијата, а бизнисите ќе имаат пристап до податоците за клиентите и конкурентите, вклучувајќи ги платените цени, историјата на трансакциите, податоците за понудата и побарувачката и можностите за предвидување, за да одговори на овие предизвици. По завршувањето на првата фаза од развојот на ADAMftd, ITC планира да направи приоритетна инвестиција во Македонија.

-ITC го препознава растечкото економско значење на  Македонија како важен центар за синџирите на снабдување, можноста за моделирањето и автентикацијата на синџирот на снабдување. Сојузот на стопански комори  прв во регионот се приклучува кон Меѓународниот трговски совет кој за компаниите е одлична можност за проширување на  својот глобален досег и да ги зголемат своите меѓународни трговски можности со  новите глобални прописи и можностите за отворени пазари за трговија, вмрежување и конекции со потенцијални партнери, наведува ССК.

На состанокот на кој беше потпишан Меморандумот за соработка присуствуваа претседателот на ССК Трајан Ангелоски, потпретседателите Сашо Дукоски и Горан Ѓорѓиевски, Загорка Блажевска, директор на „Вита Нова“ и Тристан Еванс, заменик претседател на ITC. Видео обраќање имаше и Џејмс Семјуел Јорк, главен извршен директор на ICTTM (The International Centar of Trade Transparency Limited).

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ