Вкупно 127 мерки, меѓу кои 23 за возење повеќе од дозволената брзина и 12 за возење без возачка дозвола се изречени при вчерашната контролата во областа на сообраќајот што ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на град Скопје.
Како што информира МВР, изречени се и шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири за користење мобилен телефон при возење, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на црвено светло на семафор,…
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.