24/11/2024
ПочетнаКултураТина Иванова: Единствената причина за разрешувањето е што како директорка, застанав на...

Тина Иванова: Единствената причина за разрешувањето е што како директорка, застанав на страната на колективот и на страната на институцијата

По вчера објавената информација за разрешувањето на директорката на Филхармонија, Тина Иванова, јавно се обрати со соопштение, кое го пренесуваме интегрално:

„Како што многумина од вас веќе знаат, јас, Тина Иванова, од страна на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, НЕ сум разрешена од функцијата директор поради несовесно работење како што е наведено во дописот од страна на министерката, туку, пак велам, тоа и`е многу познато на упатената јавност, посебно на онаа од областа на културата и уметноста.

Потсетувам, единствената причина за разрешувањето е фактот што како директорка, на грешната и неодржлива одлука на министерката, застанав на страната на колективот и на страната на институцијата.

Разрешена сум вчера, а не пролетоска кога оркестарот на филхармонијата и вработените го изразуваа револтот, затоа што и покрај купот инспекции што министерката наменски и во континуитет се до вчера ги испраќаше во филхармонијата со отворена намера да најде причина за нејзиниот вчерашен чин, инспекциите не беа во можност да и го испорачаат од неа бараниот материјал и истите НЕ утврдија никакви неправилности во моето и работењето на работењето и на институцијата.

Се редеа:

Трудова инспекција, две вонредни инспекции од Инспекторатот на Министерството за култура, комисија за увид во документација, група на административни службеници, вработени во Министерството за култура, станаа редовни посетители во нашата институција и се праќаа дури и по неколку пати за да „копаат“ работи кои не постојат единствено затоа што немаше, а и се уште нема, храброст да се каже дека ме разрешуваат поради непослушност.

Патем, резултатите од инспекциите се јавно достапни документи и секој кој е заинтересиран може да види дека работата е прилично јасна и чиста.

Со ова разрешување и со начинот на кој тоа е направено, Министерството за култура, се разбира актуелната министерка, само ми потврди дека во моментот кога како директор на Македонската филхармонија одлучив да застанам на страна на мојот колектив, го направив, вистинскиот потег.

Во оваа прилика, јавно изјавувам дека се уште цврсто стојам на својот тогашен став, и уште еднаш и со ова јавно обраќање, ја потврдувам својата поддршка кон оркестарот, колективот, целата институција од каде што всушност, на јавен конкурс, и бев избрана на одговорната работна работната позиција директор.

После месеците буквално тортура врз мене и колективот од страна на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, на некој начин разрешувањето ми претставува и растоварување од континуираниот мобинг зашто сите тие притисоци, навреди, обиди за понижувања, се нешто неразбирливо за мојот урбан културолошки карактер.

На новото раководство на Филхармонијата на чело со новоназначениот директор им посакувам успешна сезона, на вработените благодарност за четиригодишната кооперативност и посветеност, на Национален оркестар натамошна афирмација, на директорите на другите културни институции им праќам силна поддршка да истраат во оваа борба со ветерници, затоа што, како што во многу наврати сме дискутирале, ваков пандан на декултурализација на нашата национална култура немало никогаш во поновата историја на Македонија.

Ви Благодарам на сите!!“

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ