24/11/2024
ПочетнаМакедонијаВладина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по...

Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 20 годишнината од неговата смрт

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со положување свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ја одбележа 20-годишнината од неговата трагична смрт.

Покрај владините претставници, на овогодишното одбележување во Бутел присуствуваа и положија цвеќе сопругата на поранешниот Претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ