Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
На Самитот, премиерот Џафери учествуваше во дискусијата на премиерскиот панел на кој учествуваа премиери од Западен Балкан, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, премиерот на Република Косово, Албин Курти, премиерот на Албанија, Еди Рама, и домаќинот на Самитот, претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.
На првиот дел од дискусијата, премиерите дискутираа на темата, „Зошто странските инвеститори би инвестирале во земјите од регионот“, а во вториот дел од панелот, премиерите ги дискутираа приоритетите на Владите од регионот како и прекуграничните соработки.