24/11/2024
ПочетнаРегионНиколоски во Брисел на средби со Вархеи и Суперти

Николоски во Брисел на средби со Вархеи и Суперти

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во функција на известител определен од Парламентарното Собрание на Советот на Европа за Босна и Херцеговина денес e во работна посета на Брисел во институции на Европската Унија, со цел да разговараат за напредокот на Босна и Херцеговина, но и за можностите за напредок на Западен Балкан како целина.

Потпретседателот Александар Николоски заедно со неговиот колега Немет најпрво ќе се сретнат со Оливер Вархеи – Комесар за проширување на Европската Унија и Валентина Суперти – Директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Унија. На средбите е предвидено да се разговара за напредокот во исполнувањето на обврските на Босна и Херцеговина, како и за можностите за побрза интеграција на регионот во Европската Унија. Покрај овие средби предвидени се и други состаноци со претставници на Европската Комисија. Главен предизвик и за Босна и Херцеговина и за регионот е борбата со организираниот криминал и корупцијата и сериозната борба со корупцијата е главен предуслов за напредокот кон Европската Унија.

Потпретседателот Александар Николоски е првиот македонски пратеник избран за известител на Мониторинг комисијата во Советот на Европа за било која држава во Европа.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ