24/11/2024
ПочетнаМакедонијаСредба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со заменик амбасадорот на...

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со заменик амбасадорот на Кралството Шведска Биби Грамсон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Шведска Биби Грамсон. На средбата Министерот Тошковски ја потенцира улогата која ја има министерството за внатрешни работи во насока на спроведувањето на изборите процеси кои ни претстојат, како и правата и обврските кои ги има како министер во оваа техничка Влада, кои секако имаат цел за организирање фер и демократски избори.

Заменик амбасадорот Грамсон ја истакна добрата соработка со македонската полиција, а нејзиниот тим го претстави проектот за Шведската поддршка на полициските реформи кој ќе го спроведува „СИДА“ Шведската меѓународна агенција за развојна соработка.

На крајот од средбата, Министерот Тошковски се заблагодари за досегашната поддршка на македонската полиција и изјави дека стои на располагање за сите потреби за тековно спроведување на предвидениот проект.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ