24/11/2024
ПочетнаРегионУште еден контингент од 24 унгарски полицајци испратен во Србија

Уште еден контингент од 24 унгарски полицајци испратен во Србија

Со цел да се спречи илегален влез на мигранти во земјата и на територијата на Европската Унија, унгарската полиција го испрати 21-от контингент од 24 полицајци во Србија, јави Бета.

Според информациите објавени на веб-страницата на унгарската полиција, полициски службеници ќе вршат патролни задачи со цел спречување и откривање илегални преминувања на границата, како и учество во апсење на лица инволвирани во криумчарење илегални мигранти.

Унгарските полицајци ќе ја користат личната опрема за време на извршувањето на задачите, а нивната работа ќе биде под надзор и водство на надлежните безбедносни органи на земјата домаќин.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ