24/11/2024
ПочетнаЕкономијаСредба со експерти на ММФ: Народната банка ужива висок степен на независност

Средба со експерти на ММФ: Народната банка ужива висок степен на независност

Според новиот индекс за независноста на централните банки на ММФ, Народната банка има висок степен на независност, што е во согласност со одредбите во Законот на Народната банка. Нивото на независност на Народната банка е високо и во споредба со другите европски централни банки и централните банки во регионот на ЦИЕ. Ова било заклучено на виртуелната работна средба одржана меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерките Ана Митреска и Емилија Нацевска и нивниот тим и експертот на ММФ, Ашраф Кан.

Како што информираат од Народната банка, на состанокот Кан се осврнал на клучните предизвици за независноста на централните банки.

-Во последниот период во кој беа забележани неколку последователни кризи, централните банки во светот беа под силен притисок на јавноста. Високата инфлација, којашто услови зголемување на каматните стапки, но и низок економски раст, како и проширувањето на мандатите на централните банки доведоа до зголемени општествени очекувања во однос на отченоста на централните банки. Сепак, како што се заклучува во истражувањето на ММФ, поголемата независност на централните банки се поврзува со пониската инфлација како во напредните економии, така и во земјите во развој и во земјите со низок приход. Затоа, независноста е клучна за справување со инфлацијата, одржување на стабилноста на девизниот курс и за постигнување стабилен долгорочен економски раст. Господинот Кан го презентира новиот индекс со кој се мери независноста врз основа на сеопфатна база на податоци. Новиот глобален индекс на независноста на централните банки се надоврзува на постојните индекси, но вклучува и нови показатели како што се финансиската независност, составот на Советот на централната банка и улогата на државните ревизорски тела, се вели во соопштението од Народната банка.

За да ја задржи довербата кај јавноста и за да ја оправда својата независност, Народната банка, како што нагласуваатт оттаму, постојано се стреми кон високо ниво на транспарентност во сите сегменти од своето работење.

Една од активностите била доброволното учество на Народната банка во пилот-оценувањето на транспарентноста, со принципите предвидени во рамките на ревидираниот Кодекс на транспарентноста на ММФ. Оценувањето покажало дека Народната банка применува напредни практики на транспарентност. Долгогодишната заложба за транспарентност била забележана и од повеќето претставници на јавноста (новинари, професори и др.) коишто беа вклучени во текот на пилот-оценувањето. Исто така, како што велат од Народната банка, на работната средба ММФ ги презентирал и алатките за оценување на оперативната ефикасност на централните банки, којашто е клучна за јакнење на процесот на донесување одлуки, финансиската независност и за кредибилитетот на политиките.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ