24/11/2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија

Министерот Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска е во работна посета на Кралството Шпанија.

Покрај средбата со својот домаќин, Министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено, МНРНТ Муцунски ќе се сретне со членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, а ќе има и свое обраќање на Кралскиот Институт El Cano на тема “ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан”.

Во фокусот на разговорите ќе бидат политичките релации меѓу двете земји, можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на перспективите за продлабочување на економските односи. На средбите ќе бидат разменети мислења и за ЕУ досието на нашата земја и поддршката од Шпанија во овој контекст, како и соработката во бројните мултилатерални формати.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ