Велика Британија ќе ја признае Државата Палестина овој викенд, откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој се противи на таа одлука, ќе ја напушти земјата по државната посета, пишува денес „Тајмс“, повикувајќи се на извори.
„Тајмс“ наведува дека Велика Британија ќе ја соопшти одлуката за признавање на Државата Палестина откако Трамп ќе се врати во Вашингтон во четврток.
Британскиот премиер Кир Стармер претходно најави дека Велика Британија ќе ја признае Државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации следната недела, освен ако Израел не преземе суштински чекори за да ја ублажи ситуацијата во Газа.
Трамп во јули изјави дека нему не би му пречело ако Велика Британија ја признае Палестина, по што Соединетите Американски Држави се спротивставија на слични најави од други европски сојузници.
Трамп моментално е во официјална посета на Велика Британија, прва во овој мандат.