16/10/2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Пуштен во употреба затворениот базен во Штип, продолжуваме да инвестираме во...

Мицкоски: Пуштен во употреба затворениот базен во Штип, продолжуваме да инвестираме во спортот

Затворениот базен во Штип денеска беше пуштен во употреба, а на свеченоста присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање нагласи дека Владата продолжува да инвестира во спортот и во подобри услови за младите.

Мицкоски им честиташе на градоначалникот на Штип, на министерот за спорт и на пратениците од регионот за енергијата и залагањето да обезбедат повеќе проекти за градот. Тој истакна дека во изминатите четири години Штип добил современ лик со бројни реализирани капитални проекти, што, според него, го прави овој град центар на источниот регион.

„Со реализацијата на овие проекти Штип денеска изгледа модерно и импресивно. Очекувам и во следните четири години да продолжи оваа динамика, а Владата ќе биде тука да даде поддршка,“ рече премиерот.

Новиот базен е типски проект и претставува втора спортска установа од ваков вид пуштена во употреба во последниот период, по оној во скопската општина Кисела Вода. Премиерот најави дека следуваат слични објекти во Кичево, Битола, Ѓорче Петров, Карпош и Кавадарци.

„Инвестираме во спортот затоа што веруваме дека младите треба од најрана возраст да се насочат кон здрави навики и спортски дух. Тоа ги гради како личности кои ќе напредуваат и ќе се борат витешки низ животот,“ нагласи Мицкоски.

Тој упати благодарност до сите инволвирани институции и локалната власт за вложениот труд со кој, како што рече, Штип станува уште поубав и поразвиен град.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ