16/10/2025
ПочетнаКултураПромовирана монографијата „Магични македонски знаменитости“ во издание на „Трето уво“

Промовирана монографијата „Магични македонски знаменитости“ во издание на „Трето уво“

Во издание на издавачката куќа „Трето уво“ беше промовирана монографијата „Магични македонски знаменитости“ или Magical Macedonian Sights. На промоцијата се обратија првиот човек на издавачката куќа Трето Уво и Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Иво Јанкоски во својот говор се осврна на значењето на едно вакво издание за Македонија и дека после десет години ова е прво издание од овој вид. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека книгата не претставува само визуелна разгледница, туку и сведоштво за едно културно патување низ богатствата на Македонија. Станува збор за луксузно двојазично издание кое ја прикажува земјата преку археолошки локалитети, национални паркови, музеи и духовни светилишта. Во монографијата место имаат и современите урбани центри, винарниците и спортско-рекреативните дестинации кои ја прикажуваат Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Според министерот Љутков, секоја страница е покана повторно да се открие магијата, вкусовите и мирисите на земјата. Книгата беше оценета како репрезентативен подарок за туристите, кој остава траен впечаток и поттик за повторно враќање.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ