11/11/2026
ПочетнаМакедонијаМинистерството за јавна администрација го продлабочува партнерството со Грција: Нови можности за...

Министерството за јавна администрација го продлабочува партнерството со Грција: Нови можности за професионален развој на администрацијата

Министерството за јавна администрација започнува долгорочна соработка со Република Грција за унапредување и модернизација на капацитетите на административните службеници.

За време на официјалната посета на Атина, министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари билатерална средба со високи претставници од грчкото Министерство за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа (ЕКДДА). На средбата беше потврдена заедничката определба за зајакнување на институционалната соработка, како и за размена на знаења и експертиза во областа на јавниот сектор.

По билатералната средба беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и ЕКДДА, со кој се воспоставува формална рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите.

Ова партнерство е од особено значење за развојот на домашната Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници. Преку искуствата и експертизата на грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација, се отвораат можности за унапредување на наставните програми, развој на современи модели на обука согласно европските стандарди и континуирано јакнење на професионалните компетенции на службениците.

„Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“, истакна министерот Горан Минчев.

На средбата во Атина присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Грција, Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој, д-р Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, Адамантија Манта.

Овој чекор претставува значаен напредок во билатералната соработка меѓу двете земји, заснована на меѓусебна доверба, институционално поврзување и размена на добри практики, со посветеност за континуирано зајакнување на административните капацитети во интерес на граѓаните.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ