24/11/2024
ПочетнаЗабава„Шјаоми“ претстави повеќе новитети од ерата на вештачката интелигенција

„Шјаоми“ претстави повеќе новитети од ерата на вештачката интелигенција

На Светскиот конгрес за мобилни уреди во Барселона, Шпанија (СКМ), компанијата „Шјаоми“ претстави повеќе технолошки новитети од ерата на вештачката интелигенција. Најголемо внимание привлекоа човеколикиот робот „Сајбер ​1“, „Сајбер​​дог“ и безжичните „алтернативно-реални“ (АР) очила.

Мобилни телефони, слушалки, скутери, паметни кујни, телевизори и други паметни уреди беа претставени на штандот на „Шјаоми“ на СКМ. АР-очилата користат „Снепдрагон XР2-ген“ процесор којшто користи и „Мета квест Про“, а имаат дисплеј што се поврзува со мобилен уред преку „НФЦ“ за полесна контрола меѓу виртуелниот и витинскиот свет.

За роботот „Сајбер уан“, се знае оти тој е првиот изум од својот вид направен во Кина. Компанијата претходно соопшти дека роботот има и „емотивна компонента“, т.е. може да препознае човечки емоции и соодветно да возврати. Машината тежи 52 килограми, висока е 177 сантиметри, се движи со брзина од 3,6 километри на час и ќе чини околу 100.000 долари.

Покрај овие уреди, „Шјаоми“ претстави и прототип на паметен телефон во најава, како и новата „13-ка“ којашто оди во продажба наскоро.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ