24/11/2024
ПочетнаЗабаваНастап на рок бендот „Црно Собрание“ на „БГ инвазија“ во Белград

Настап на рок бендот „Црно Собрание“ на „БГ инвазија“ во Белград

Рок бендот „Црно Собрание“ составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“ на синоќешниот концерт „БГ инвазија“ кој се одржа во салата на Домот на младите во Белград, освои награди за најдобри гитаристи и најдобри вокали.

На настапот „Црно Собрание“ ги изведоа култните песни „Келав дабар“ од „Ласт експедишн“, „Слобода или ништа“ од „Партибрејкерси“ и нивна авторска инструментална нумера во стилот прогресивен рок.

„БГ инвазија“ што првпат се одржа во 1992 година, произлегува од натпреварот на бендовите од белградските гимназии. Настанот досега се одржал десетина пати, а организаторите на настанот велат дека за секој млад човек е важно да се занимава со музика затоа што така се развиваат споосбности кои се неопходни во понатамошниот животен пат – креативноста, тимската работа, социјализацијата и превенцијата на врсничкото и сите останати видови насилство, како и работна дисциплина, критичко мислење, самодоверба, толеранција.

Бендот е дел од проектните активности во СУГС „Никола Карев“ во Скопје, и е под менторство на професорката по музичка култура Емилија Ристановска. Бендот „Црно Собрание“ го сочинуваат вокалистите Мона Ристова и Доротеја Солунчева, Кирил Лазаревски – гитара, Мартин Атанасов – бас гитара, Павел Петковски – гитара и Дарија Манева – тапани.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ