24/11/2024
ПочетнаСветФинскиот парламент го избра конзервативецот Петери Орпо за премиер

Финскиот парламент го избра конзервативецот Петери Орпо за премиер

За Орпо кој победи на парламентарните избори во април гласаа 107 пратеници, а против беа 81 од нив. На гласањето не присуствуваа 11 пратеници.

Во петокот, Петери Орпо објави договор за формирање на влада со три други партии, вклучително и десничарската, антиимигрантска партија на Финците.

Тој беше назначен за премиер според договорот што неговата партија го постигна со Финската партија, второпласираната на изборите во април, Демохристијаните и Шведската народна партија на Финска. Тие четири партии имаат 108 од 200 пратеници во парламентот.

Орпо изјави денеска дека на Финска, која е неодамнешна членка на НАТО, и требаат кратења во буџетот и ограничувања на имиграцијата, на што Партијата на Финците инсистираше во кампањата.

Новата влада, како и претходната, ќе има цврст став кон Русија, источниот сосед на Финска со која ја дели границата од 1.340 километри.

Аналитичарите проценуваат дека владата на Орпо ќе биде најдесничарската во историјата на Финска, додека претходната, предводена од Сана Марин, беше коалиција на централно-левичарските партии.

На изборите на 2 април НЦП доби 20,8 отсто од гласовите, а Партијата на Финците 20,1 отсто од гласовите. Третото место го зазеде Социјалдемократската партија на Финска на чело со Сана Марин со 19,9 отсто од гласовите.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ