09/05/2024
ПочетнаРегионБорбата против корупцијата и организираниот криминал и независноста на медиумите и судството,...

Борбата против корупцијата и организираниот криминал и независноста на медиумите и судството, услови за напредок на Црна Гора на европскиот пат

Борбата против корупцијата и организираниот криминал, зајакнување на слободата на изразување и на медиумите и изградба на независно и професионално во судството се приоритетните реформи што треба да ги спроведе Подгорица за да напредува во европскиот пристапен процесот, беше заклучено на 15-тата Меѓувладина конференција ЕУ-Црна Гора, што се одржа синоќа во Брисел.

– Црна Гора треба да напредува на нејзиниот пристапен пат. Ја поздравуваме посветеноста на новата Влада да ги спроведе потребните реформи, при што ЕУ е подготвена да и помогне на земјата во овие напори, изјави по Конференцијата белгиската министерка за надворешни и европски работи, надворешна трговија и федерални културни институции Хаџа Лабиб, која заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, ја преводеше делегацијата на Унијата на заседанието.

Црногорската делегација, пак, ја предводеше премиерот Милојко Спајиќ.

Посочувајќи дека досега се отворени преговорите по сите 33 поглавја од договорот за членство на Црна Гора во ЕУ, од кои три се привремено затворени, Унијата ги поздрави напорите на Подгорица, вклучително и „последните позитивни чекори“ преземени од новоформираната црногорска Влада и нејзината амбиција да ги исполни привремените насоки за владеењето на правото.

– ЕУ, исто така, високо го поздравува фактот што Црна Гора целосно се усогласи со одлуките и декларациите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и рестриктивни мерки, и ја охрабрува Црна Гора да продолжи да го прави тоа, посочува Унијата.

Според Унијата, за континуиран напредок во пристапниот процес кон ЕУ, клучен приоритет останува исполнување на привремените насоки за владеењето на правото наведени во поглавјата 23 и 24, што е предуслов за привремено затворање на останатите поглавја.

– Црна Гора треба особено да ги надмине преостанатите недостатоци во борбата против корупцијата и организираниот криминал, слободата на изразување и на медиумите и да ги возобнови, продолжи, забрза и продлабочи реформите за независност, професионалност и одговорност на судството, потенцира ЕУ, додавајќи дека темпото на преговарачкиот процес ќе зависи од напредокот што ќе го оствари Црна Гора во спроведување на реформите неопходни за подготовките на земјата за членство во Унијата.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ