28/04/2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски ја депонираше оставката во Собранието

Ковачевски ја депонираше оставката во Собранието

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, ја депонираше оставката во Собранието на  Македонија, при што имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На средбата, премиерот Ковачевски истакна дека функцијата претседател на Влада ја извршувал одговорно и посветено, со должна почит кон граѓаните, водејќи се од определбата за обезбедување едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности.

Премиерот Ковачевски, на средбата потенцираше дека ќе продолжи и понатаму да се залага за остварување на европската визија за Република Северна Македонија бидејќи за нас нема друга опција, освен европскиот пат.

На средбата се разговараше и за деталите околу формирањето на новата техничка Влада, при што премиерот Ковачевски му посака успех на претседателот на Собранието, Џафери на премиерското место.

Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ