03/05/2024
ПочетнаКултураПочна снимањето на грчкиот филм „Ритам на животот“ во ко-продукција со „Круг...

Почна снимањето на грчкиот филм „Ритам на животот“ во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје

Во Атина почна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ по сценарио на Америса Баста и Димитрис Накос од Грција, во режија на Баста, а во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје.

Снимањето на филмот ќе се одвива во текот на месец август оваа година, на повеќе локации во Атина, Грција.

– Филмот ја раскажува приказната за Лена, 20-годишна жена која живее во Атина, работи во локален супермаркет и живее со своето семејство. Поради тоа што живее сиромашно, а секојдневието и е исполнето со напнатост, таа сака да се исели и да започне свој живот. Сѐ се менува кога Лена кога ќе добие отказ истовремено дознавајќи дека е бремена, раскажуваат од „Круг филм“.

Во улогата на Лена се јавува младата Елина Цорбаци, а останата екипа е составена од актери од Грција и од Албанија.

„Ритам на животот“ е финансиски поддржан од Филмските центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Главен продуцент е грчката продукциска куќа „Соул Продукција“ на Јоана Султани, додека македонски ко-продуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“. Ко-продуценти се и Деспина Музаки од кипарската „Брејкинг Вејв Продукција ЛТД“ и Немања Драговиќ од црногорската „Видеа Продукција“.

– Ова е прв долгометражен филм на Баста. Нејзините краткометражни филмови „Не утре“, „Чадор“, „Христос и Димитра“, „Евива“ и други, во изминативе десетина години учествувале на низа локални и меѓународни фестивали и постигнале голем успех, велат од „Круг филм“.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ