05/05/2024
ПочетнаМакедонијаСредба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер...

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска остварија работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија.

На средбата министерот Тошковски ги истакна заложбите за организирање фер и демократски избори и активностите кои треба да се преземат во таа насока. Воедно, како дополнителен проблем, поврзан со изборниот процес, го посочи недостигот на важечки документи на околу 100 000 граѓани кои нема да можат да го остварат своето право на глас. Со ова, покрај
кршењето на основното човеково право за слобода на движење, се крши и правото на глас на овие избори, за што упати голема загриженост.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше изразена благодарност за досегашната соработка во духот на пријателските односи, како и за укажаната чест што Република Северна Македонија беше домаќин на Самиот ЕУ-Западен Балкан за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ, а со оглед на тоа дека Бојмацалиев беше претседател на Одборот за организација на дел од клучните настани минатата година кои беа од глобално значење – Самитот ЕУ-Западен Балкан и 30. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ.

Амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во борбата против организираниот криминал и миграциите и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина. Особено ја истакна шпанската поддршка на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ