14/05/2024
ПочетнаРегионВучиќ најави вонредни парламентарни избори за 17 декември

Вучиќ најави вонредни парламентарни избори за 17 декември

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави вонредни парламентарни избори за 17 декември годинава.

Вучиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите во Претседателството.

Претседателот на Србија донесе указ за распуштање на Собранието.

Вучиќ на сите им посака среќни избори, порачувајќи дека живееме во тешко време во целиот свет.

„Живееме во време на глобални предизвици, војни и конфликти во кои е неопходно сите да бидеме обединети во зачувувањето на виталните национални интереси на Србија. Во време во кое ќе бидеме под бројни притисоци, како поради нашиот однос со Косово и Метохија и со други регионални и светски прашања“, рече Вучиќ.

Како што рече, за Србија е важно да ги зачува мирот, стабилноста и внатрешната кохезија.

Оваа кампања е можност на граѓаните на цивилизиран начин да им се прикажат различни политики, програми кои никогаш нема да ги загрозат виталните национални интереси на Србија“, рече Вучиќ.

Тој на сите учесници на овие избори им посака добар резултат. Како што изјави, сака се да направат на демократски и цивилизиран начин. Тој додаде дека за граѓаните е важно да победат најдобрите идеи.

Убеден сум дека со овие избори ја консолидираме демократијата и обезбедуваме безбеден пат за нашите деца во иднина“, заклучи тој.

Претходно претседателот на српскиот парламент Владимир Орлиќ распиша локални избори кои исто така ќе се одржат на 17 декември и ќе се одржат во 65 градови и општини.

Извор: www.kosovo-online.com

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ