Home Свет Зеленски го нападна Радев, кој е против дополнително вооружување на Украина

Зеленски го нападна Радев, кој е против дополнително вооружување на Украина

0
Зеленски го нападна Радев, кој е против дополнително вооружување на Украина

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на вчерашната средба во Софија, која ја снимија телевизиските камери, ја искористи за вербално да го нападне својот бугарски колега Румен Радев. Зеленски го критикуваше дека се противи на дополнителното вооружување на украинските сили, пренесува Политико.

Збунетиот бугарски претседател изненаден од огорченоста на Зеленски, побара од камерите да ја напуштат просторијата во претседателската палата каде се снимаше средбата. Зеленски ја посети Бугарија првенствено за да се сретне со прозападната администрација на премиерот Николај Денков, која го поддржа извозот на оружје во Украина и исто така истражува начини за продажба на цивилна нуклеарна опрема.

Средбата со Радев, поранешен началник на воздухопловните сили, кој е повеќе проруски и амбивалентен во однос на НАТО, помина уште полошо од очекуваното. Двете делегации седеа една спроти друга, секоја на своја страна од долгата маса.

Украинската делегација седеше со скаменети лица, повремено правејќи гримаси и белешки, пренесува Политико.

Радев се обиде да им го објасни својот став дека нема воено решение и дека „се повеќе оружје нема да го реши“ проблемот. Зеленски му одговори со презир.