27/11/2024
ПочетнаUncategorizedДвајца македонски претставници во десетте млади музички професионалци избрани за „Нови Лица...

Двајца македонски претставници во десетте млади музички професионалци избрани за „Нови Лица 2023“

За прв пат регионалната иницијатива „Нови Лица 2023“ (NEW FACES 2023), по минатомесечниот отворен повик, ги избра десетте надежни млади музички професионалци (под 30 години) кои се активно вклучени во музичката индустрија во регионот на поранешна Југославија. Меѓу десетте избрани професионалци на четири регионални фестивали и конференции македонската музичка индустрија ќе ја претставуваат Нела Пешовска од Пасворд Продукција и Ерик Омерагиќ од Младински Културен Центар.

Со овој отворен повик, на кој пристигнаа над 100 пријави, македонската музичка конференција „ПИН“, како и фестивалите и конференциите „МЕНТ Љубљана“ (Словенија), „Контакт“ (Србија) и „ШИП“ (Хрватска) се стремат да ги поттикнат младите професионалци, кои се клучен дел од растот на регионалната музичка сцена.

„Се надеваме дека иницијативата ‘NEW FACES’ ќе стане годишен настан. Со тоа што им нудиме на младите можност дополнително да ги развиваат своите знаења и вештини, ние исто така даваме значење на нашата работа. Често забораваме дека музичката сцена не е само за изведувачите на бина, туку и за многу други кои вредно работат зад сцената. Тука спаѓаат промотери на настани, новинари, издавачи, менаџери и многу други понекогаш скриени протагонисти на музичкиот бизнис“, велат од партнер фестивалите.

Десетте избрани млади музички професионалци ќе добијат влезници за регионалните конференции и фестивали, пристап до онлајн датабаза на делегати, како и покриени трошоци за патување и престој на партнер конференциите.

Новите лица за 2023 се:

Дино Гругиќ (промотер; „ Velvet Festival “, Хрватска)

Ерик Омерагиќ (светло и дизајнер на звук, сценски менаџер; МКЦ, Македонија)

Лана Бауман (промотер; „ Lacha “, Словенија)

Лука Задро (менаџер, букинг агент, промотер; „ yem“, Хрватска)

Моника Гава (продуцент; „ Krokodil studio “, Србија)

Нела Пешовска (букер; „ПИН“ Конференција, „Таксират“, „Д Фестивал“, Македонија)

Ник Грозд (промотер; „ Kino Šiška “, „ Channel Zero “, Словенија)

Растко Томиќ (музички уредник; „ Highwaystar magazine “, Србија)

Станислав Дрча (куратор, промотер, продуцент; Европски град на културата Нови Сад 2022, „ KC Lab “, Србија)

Тена Шарчевиќ (музички уредник, „glazba.hr“, Хрватска)

Повеќе информации за овие десет млади музички професионалци можете да пронајдете онлајн на официјалната веб страна на „ПИН“ Конференција.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ