Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, а во состав на официјалната делегација во посета на ОАЕ е министерот за финансии Фатмир Бесими.
Кабинетот на Пендаровски соопшти дека тој утре во Абу Даби ќе биде примен од шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби.
– Предвидено е за време на официјалната посета претседателот Пендаровски да положи цвеќе на Вахат Ал Карама (Оаза на достоинството) и да оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати, соопшти Кабинетот на Пендаровски.