25/11/2024
ПочетнаUncategorizedЛарсон Џаин: Македонија мора да се справи со корупцијата и клиентелизмот

Ларсон Џаин: Македонија мора да се справи со корупцијата и клиентелизмот

Шведската амбасадорка во Северна Македонија Ами Ларсон Џаин, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во интервју за МИА порачува дека коурпцијата е корозивна за општеството и оти земјава мора да се справи со неа и со клиентелизмот за да го спречи одливот на талентирани млади Македонци.

постави во центарот на реформската агенда.

-Опсежните реформи се навистина клучни за подготовка на земјата за членство во ЕУ. Реформите се однесуваат на законодавството, но и на имплементацијата и ефективното спроведување на законите. Без ова, земјата едноставно нема да биде подготвена да влезе во најнапредната економска и политичка заедница во светот. Тоа ќе биде трансформативен процес и ќе бара напорна работа и решителност, но реформите ќе имаат корист и за граѓаните на Северна Македонија, вели Ларсон Џаин во интервју за МИА.

Таа нагласи дека и ЕУ беше многу јасна во однос на тоа дека треба се даде предност на владеењето на правото и тоа да се постави во центарот на реформската агенда.

-Корупцијата ја ослабува демократијата преку поткопување на довербата во институциите. Тоа го загрозува функционирањето на економијата и ја нарушува конкуренцијата. Граѓаните и бизнисите губат – губи и општеството во целина, децидна е шведската амбасадорка.

Во однос на уставните измени, таа вели тие остануваат суверена одлука што треба да ја донесе Северна Македонија, потсетувајќи дека многу земји-членки на ЕУ морале да направат компромиси за билатерални прашања со цел да ги решат прашањата кои инаку би ја попречиле соработката во Унијата.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ