За време на “Двете сесии“ што деновиве се одржуваат во Пекинг, констатирано е дека како важен дел од економскиот развој на Кина, приватниот сектор придонесува со над 60 отсто од бруто домашниот производ (БДП), над 50 отсто од вкупните даночни приходи и над 80 отсто од вработувањето во урбаните средини, покрај тоа и со повеќе од 70 отсто од технолошките иновации и 90 отсто од пазарните ентитети во Кина, според Националната комисија за развој и реформи.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во понеделникот ја потврди поддршката на земјата за приватниот сектор и повика на соодветни насоки за неговиот здрав и квалитетен развој.
Си Џинпинг ги даде своите коментари при посетата на националните политички советници од Кинеската Национална демократска градежна асоцијација и Секинеската федерација за индустрија и трговија, кои присуствуваат на првата сесија на 14-от Национален комитет на Народната политичка консултативна конференција на Кина (CPPCC).
Тој се приклучи на нивната заедничка групна средба и ги слушаше нивните коментари и предлози.
Во таа прилика Си Џинпинг кажа :“2022 година беше исклучително важна и критична година во историјата на партијата и земјата! Ја имплементиравме новата развојна филозофија на целосен, точен и сеопфатен начин, вложивме напори да изградиме нов развоен модел и да промовираме висококвалитетен развој! Со оглед на тоа што глобалната инфлација го достигна највисокото ниво во последниве од 40 години, целокупното ниво на цени во Кина остана стабилно, а економијата порасна за 3 отсто во текот на целата година, што беше високо ниво споредено со најголемите светски економии“ – рече Си.