25/11/2024
ПочетнаUncategorizedМаж и жена осудени на четири години затвор по кражба на вино,...

Маж и жена осудени на четири години затвор по кражба на вино, штетата е 750.000 евра

Маж и жена обвинети за кражба на 45 шишиња скапо вино од луксузен хотел во Касерес, западна Шпанија, се осудени на четири години затвор, соопшти вчера шпанското правосудство. Провинцискиот суд ѝ наложи на двојката да плати околу 750.000 евра како отштета.

Според шпанскиот весник „Ел паис“ (El Pais), мажот е од холандско-романско потекло, а жената е поранешна „кралица на убавината“ во Мексико.

Пленот вклучува и шише „Шато д’Иќем“ (со епитет „врвната прва берба“) од 1806 година, од областа Бордо во Франција, кое на винската листа на шпанскиот ресторан имало цена од 350.000 евра.

Судот соопшти дека двојката однапред го испланирала грабежот во ресторанот „Атрио“. Жената се пријавила во хотелот користејќи лажен швајцарски пасош, додека мажот подоцна ѝ се придружил на вечера во ресторанот. Потоа, тие двајца се одлучиле на обиколка во визбата. Се одјавиле од хотелот во 5 часот наутро следниот ден. Според судските документи, кражбата ја извршиле одвлекувајќи го вниманието на водичот, а со помош на голем ранец и два куфера. Биле земени и четири хотелски крпи за да не тропаат шишињата во торбите.

Тамошните медиуми пишуваат дека осигурителите иако го процениле украденото вино на 750.000 евра, неговата вредност била до 1,6 милиони евра.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ