Државниот завод за статистика евидентира зголемен промет во трговијата на мало во јануари 2023 година во споредба со јануари 2022 година во речиси сите групи и класи на производи. Намалување на прометот е забележано кај реалната стапка во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво.
Во трговијата на мало во јануари 2023 година во споредба со јануари 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано кај Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 25,5 отсто, а реално за 4,4 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 14,6 отсто, а реално за 0,1), Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 39,8 отсто, а реално за 26,4) и Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 5 отсто.
Намалување на прометот е забележано кај реалната стапка во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 3,4 проценти.