24/11/2024
ПочетнаUncategorizedМаск повторно е најбогат човек во светот, акциите на Тесла пораснаа за...

Маск повторно е најбогат човек во светот, акциите на Тесла пораснаа за 100 отсто

Според денешниот индекс на милијардери на Блумберг, шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск се врати на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, на која на крајот на 2022 година се наоѓаше претседателот и извршен директор на конгломератот за луксузни стоки „Луј Витон Моет Хенеси“ (LVMH) Бернард Арно.

Богатството на Маск сега изнесува 187,1 милијарди долари, надминувајќи го Бернард Арно, чие богатство се проценува на 185,3 милијарди долари, јави Блумберг.

Богатството на Маск на почетокот на оваа година изнесуваше 137 милијарди долари. Во меѓувреме, вредноста на акциите на компанијата Тесла се зголеми за 100 отсто во однос на најниската вредност што овие акции ја имаа на 6 јануари, а тоа е доказ за оптимизмот на инвеститорите.

Тесла, меѓудругото, профитираше од поголемата побарувачка за електрични возила по намалувањето на цените на некои модели на автомобили.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ