24/11/2024
ПочетнаUncategorizedПо разурнувачкиот земјотрес од Турција во Сирија се вратиле 40.000 бегалци

По разурнувачкиот земјотрес од Турција во Сирија се вратиле 40.000 бегалци

Претставник на турското Министерство за одбрана изјави дека по разурнувачкиот земјотрес од 6 февруари околу 40.000 сириски бегалци во Турција се вратиле во нивната земја и додаде дека нивниот број сè уште расте.

Враќање на сириски бегалци е забележано и на граничните премини меѓу Турција и Сирија, кои се под контрола на опозициските сили во Сирија, потврди функционерот на сириските бунтовници Мазен Алуш, на граничниот премин Баб Ал Хава.

По разурнувачкиот земјотрес, Анкара им дозволи на бегалците од Сирија кои живеат во Турција да поминат шест месеци во северозападна Сирија, без ризик да не можат да се вратат во Турција.

Во април минатата година турската Влада им забрани на сириските бегалци кои одат во Сирија да се враќаат во Турција. Доколку Сиријците, според тогашните правила, патуваа од Турција во својата земја, ќе го изгубеа статусот на привремено заштитено лице во Турција и нема да можеа да се вратат во оваа земја.

Во Турција живеат околу 3,5 милиони бегалци од Сирија.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ