24/11/2024
ПочетнаUncategorizedПрва седница на Владата со новоизбраните министри

Прва седница на Владата со новоизбраните министри

Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи првата седница, во состав со новоизбраните министри.

Како што информираа од владината прес-служба, седницата е со почеток во 12:00 часот, а за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.

Собранието синоќа ги избра четирите нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ