24/11/2024
ПочетнаЕкономијаЛукаревска: Со данокот на солидарност ќе бидат опфатени 200 компании и се...

Лукаревска: Со данокот на солидарност ќе бидат опфатени 200 компании и се очекува околу 77 милиони евра да се влеат во буџетот

Според евиденцијата на Управата за јавни приходи лани околу 200 компании пријавиле приход поголем од 10 милиони евра. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска очекува од нив во буџетот со данокот на солидарност да се слеат 77 милиони евра.

„Врз основа на сите евиденциски анализи кои што ги имаме направено, согласно даночните биланси кои ги имаат доставено компаниите, околу 200 компании би требало да бидат опфатени со овој данок на солидарност. Зборуваме за споредбени податоци 2022 година, 2021 година и така натаму. Очекувањата се дека околу 76-7 милиони евра би се влеале во буџетот преку овој еднократен данок на солидарност“, рече директорката Лукаревска.

Предлог-законот за данок на солидарност со европско знаменце е во собраниска процедура. Предложен е од Министерството за финансии и предвидува воведување данок за солидарност во 2023 година како еднократна давачка за компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615.000.000 денари или 10 милиони евра.

Законот вторпат стигнува во Собрание и овој пат ќе се носи во скратена постапка оти е со европско знаменце.

Стопанската комора веќе се изјасни против дополнително оданочување на успешните компании.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ