Во Србија, африканска свинска чума е потврдена на 1.154 фарми во 32 општини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од тоа министерство за РТС изјавија дека од петокот, 28 јули до денеска, африканска свинска чума се појавила на околу 150 фарми и дека случаи се потврдени во Војводина, Белград, централна и источна Србија.
Досега на фармите се извршени 314.042 контроли, а до петокот еутаназирани се околу 18.000 свињи.
Африканската свинска чума се појави во мај во Мрчаевци, во околината на Чачак, а веќе подолго време е присутна во делови од источна и југоисточна Србија, јави Бета.
Станува збор за инфекција што ги погодува домашните и дивите свињи, а вирусот што ја предизвикува таа болест не е опасен по здравјето на луѓето, но влијае на економијата на земјите каде што се појавува.