24/11/2024
ПочетнаСветКремљ: Јасно е дека постои закана по последниот напад со дрон врз...

Кремљ: Јасно е дека постои закана по последниот напад со дрон врз Москва

Кремљ денеска соопшти дека е јасно оти постои закана по последниот напад со беспилотно летало врз Москва, во кој по втор пат во три дена беше нападната висококатница во московски деловен центар.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не сакаше повеќе да зборува за тоа, јавија светските агенции.

Руското Министерство за одбрана го нарече последниот инцидент обид за украински „терористички напад“. Украинските сили синоќа ја нападнаа Москва со три беспилотни летала, од кои два беа соборени, а едно беше елиминирано со средства за електронска борба и падна во реонот на деловниот центар Москва-Сити, соопшти руското Министерство за одбрана.

Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека беспилотно летало се урнало на една од кулите на комплексот Москва-Град, а уште неколку биле соборени од силите за воздушна одбрана. Тој изјави дека оштетеното стакло зафаќа површина од 150 метри квадратни, а нема информации за жртви.

Украина во неделата ја нападна Москва со беспилотни летала, а руското Министерство за одбрана тогаш објави дека еден дрон бил соборен од силите за противвоздушна одбрана, а два биле елиминирани со системи за електронско војување и се урнале на подрачјето на комплексот Москва-Сити.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ