24/11/2024
ПочетнаСветФранција наскоро ќе почне со евакуација на своите државјани од Нигер

Франција наскоро ќе почне со евакуација на своите државјани од Нигер

Франција многу брзо ќе ги евакуира своите државјани од Нигер, јавија британските медиуми , повикувајќи се на соопштение на француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Најавата доаѓа неколку дена откако воената хунта го собори претседателот Мохамед Базум и ја презеде власта во оваа западноафриканска земја.

„Евакуацијата се подготвува. Таа ќе се случи многу скоро“, се наведува во соопштението на француското министерство.

Соборувањето на претседателот Базум минатата среда, седмиот воен удар за помалку од три години во Западна и Централна Африка, предизвика шокови низ целиот регион.

Франција веќе една деценија има војници во регионот како помош во борбата против исламистичкиот бунт, но некои локални жители велат дека сакаат поранешниот колонијален владетел да престане да се меша во нивните работи.

Приврзаниците на хунтата пред неколку дена запалија француски знамиња и ја нападнаа француската Амбасада во Ниамеј, главниот град на Нигер, по што полицијата употреби солзавец како одговор.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сите напади врз француските интереси во Нигер ќе бидат одговорени со „брзи и бескомпромисни одговори“.

Според веб-страницата на француското Министерство за европски и надворешни работи, во 2022 година во Нигер имало околу 1.200 француски државјани.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ