16/10/2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски - Али Рашед Лута, извршен директор на Стопанска комора на Дубаи:...

Мицкоски – Али Рашед Лута, извршен директор на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство, да ја продлабочиме нашата соработка

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа средба со претставници на бизнис-заедницата и делегацијата на Стопанската комора на Дубаи, предводена од претседателот и главен извршен директор, Неговата екселенција Мохамед Али Рашед Лута. На состанокот премиерот Христијан Мицкоски истакна дека врвен приоритет на Владата останува економската стабилизација и поддршката на домашните и странските инвестиции.

Мицкоски ги претстави најновите економски показатели, посочувајќи дека во изминатите четири квартали е постигнат реален раст на БДП од 3% до 3,4%, додека номиналниот раст изнесува 7,8%, над очекувањата на меѓународните финансиски институции. Тој најави дека до крајот на третиот квартал може да се постигне и 4% раст, при што особено се издвоија градежништвото, туризмот и земјоделството како приоритетни сектори за понатамошен развој.

„Создадовме добри услови за бизнис, ја консолидиравме економијата и обезбедивме средина ослободена од политички притисоци врз деловните субјекти. Нашата цел е да привлечеме повеќе странски директни инвестиции, паралелно со јакнење на домашните,“ рече премиерот.

Во однос на туризмот, Мицкоски потенцираше дека бројот на туристи е зголемен за 15% во првите седум месеци од годинава, додека преноќувањата бележат раст од 10%. Според него, ваквиот тренд може да донесе до 1,5 милиони туристи во текот на годината и дополнителен импулс за економскиот раст.

Лута, пак, ја нагласи заложбата на Дубаи за јакнење на врските со Северна Македонија, подвлекувајќи дека трговијата меѓу двата пазара во последните пет години достигнала 495 милиони долари.

„Растечката соработка ја одразува нашата заедничка амбиција да изградиме отпорни економии и да поттикнеме одржлив развој. Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство и сме решени тоа да донесе опипливи резултати преку проширена трговија и подлабока соработка,“ изјави тој.

На средбата беше истакната подготвеноста за зголемена соработка во повеќе сектори, со акцент на инфраструктурата, земјоделството и инвестициските текови кои би придонеле кон долгорочен економски просперитет.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ