16/10/2025
ПочетнаКултура„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска го откупи National Geographic – историски...

„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска го откупи National Geographic – историски успех за македонскиот филм

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска е откупен од престижниот National Geographic Documentary Films, што претставува историски подвиг за македонската кинематографија. Филмот, инспириран од македонскиот фолклор од 17 век, ќе биде прикажан пред публика во над 170 земји преку платформите на National Geographic и Disney+, со голема маркетинг и фестивалска поддршка.

„Приказната за Силјан“ веќе освои „Награда на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на фестивалот во Торонто и е официјален македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар интернационален филм. Паралелно, дистрибутивните права за дел од светските пазари ги презеде и реномираната британска компанија Dogwoof.

Тамара Котевска, која претходно беше номинирана за два „Оскара“ со документарецот „Медена земја“, изјави дека откупот од National Geographic е исполнување на нејзиниот најголем сон. „Тоа е најголема потврда дека филмот е веродостоен и дека неговата приказна има универзална вредност,“ нагласи Котевска.

Документарецот ја следи судбината на земјоделецот Никола и неговата необична врска со повреден бел штрк – метафора за опстанокот, нежноста и надежта. Зад проектот стои интернационален тим од професионалци, а филмот доби бројни пофалби од светските медиуми. Hollywood Reporter го опиша како „апсолутен шармер“, The Wrap како „визуелна поезија од највисок ранг“, а Indiewire го нарече „триумф и болно прекрасен документарец“.

Со овој успех, „Приказната за Силјан“ се етаблира меѓу најзначајните македонски филмови и продолжува да гради силно меѓународно присуство, со надеж дека ќе остави белег и на претстојната оскаровска трка.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ